Google Family Link

5,41 мил. рецензии
Оцена на содржината
Сите
100 М+
Преземања
Оцена на содржината
Сите
Корисничка интеракција, Споделува локација и Дигитални купувања
Дознајте повеќе
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот

За апликацијава

Google Family Link е апликација за родителски контроли за заштита на семејството онлајн. Односот на секое семејство со технологијата е единствен, па создадовме алатки за да ја изберете соодветната рамнотежа за членовите на семејството и да им помогнете да создадат здрави дигитални навики. Може да ја користите апликацијата за да гледате како детето го поминува времето на својот уред, а и локацијата на неговиот уред, да управувате со поставките за приватност и друго.

Со Family Link:

Воведете дигитални правила
• Поставете ограничувања на времето поминато на уредот – утврдете најсоодветно време поминато на уредот за детето. Со Family Link може да поставите дневни ограничувања, со распореди за „Време за училиште“ и „Пауза“ за уредите, за да најде здрава рамнотежа.
• Управувајте со апликациите – овозможете му на детето флексибилност во користењето на апликациите. Поставете поединечни ограничувања на времето во апликациите и неограничено време за образовните или секојдневните апликации. Може и да блокирате апликации.

Управувајте со филтрите за содржини и безбедноста и приватноста
• Управувајте со што детето гледа онлајн – поставете родителски контроли на услуги на Google како Chrome, Play, YouTube и „Пребарување“. Со Family Link може да блокирате несоодветни сајтови, да бара одобрување за нови апликации, да управувате со дозволите за апликации и веб-сајтови и друго.
• Заштитете ја сметката – Со Family Link имате пристап за управување со поставките за сметката и податоците на детето. Како родител, може да ја промените или ресетирате лозинката на детето ако ја заборави, да ги измените личните податоци или да ја избришете сметката ако сметате дека е потребно.*

*Децата над соодветна возраст може да управуваат со својата сметка.

Останете поврзани во движење
• Гледајте каде се – корисно е да може да ги најдете членовите на семејството кога се во движење. Со Family Link може да ги најдете децата на една карта, ако го носат уредот.
• Добивајте известувања и предупредувања – Family Link испраќа важни известувања, кога детето ќе пристигне на одредена локација или ќе ја напушти. Може и да повикувате уреди и да го гледате траењето на нивната батерија.


Важно

• Алатките на Family Link зависат од уредот на детето. Список за компатибилност: https://families.google/familylink/device-compatibility/
• Иако со Family Link управувате со купувањата и преземањата на детето од Google Play, нема да му треба одобрување за инсталирање ажурирања (што опфаќа и ажурирања што ги прошируваат дозволите), претходно одобрени или апликации споделени во „Семејна збирка“. Дополнително, одобрувањата за купување ќе важат само кога детето купува преку системот за наплата на Google Play, но не и преку други системи за наплата. Родителите треба редовно да ги прегледуваат апликациите на детето и дозволите за нив во Family Link.
• Треба внимателно да ги прегледате апликациите на надгледуваниот уред и да ги оневозможите оние што не сакате да ги користи. Некои прединсталирани апликации не може да се оневозможат, како Play, Google итн.
• За да ја гледате локацијата на уредот на детето или тинејџерот, уредот мора да е вклучен, неодамна активен и поврзан на мобилен интернет или Wi-Fi.
• Родителските контроли на Family Link се достапни само за надгледувани сметки на Google. Со надгледуваните сметки на Google, децата имаат пристап до „Пребарување“, Chrome и Gmail, а родителите може да постават дигитални правила за надзор.
• Иако Family Link нуди алатки за управување со доживувањето и заштитата на детето онлајн, тоа не го прави интернетот безбеден. Family Link не може да ги одредува содржините на интернет, но со неа родителите може да одлучуваат како детето го поминува времето на уредот и како семејството да им биде безбедно онлајн.
Водете ги децата со родителските алатки во Family Link.
Ажуриранa на
28 сеп. 2026 г.
Истакнати написи

Безбедност на податоците

Предуслов за безбедност е да знаете како програмерите ги прибираат и ги споделуваат вашите податоци. Практиките за приватност и безбедност на податоците може да варираат според вашиот начин на користење, регион и возраст. Програмерот ги обезбедил овие информации и може да ги ажурира во иднина.
  • Не се споделуваат податоци со трети страни
    Дознајте повеќе како програмерите изјавуваат споделување податоци
  • Апликацијава може да ги прибира овие типови податоци
    Лични податоци, Финансиски податоци и 7 други
  • Податоците се шифрираат при префрлување
  • Може да побарате бришење на податоците
  • Независна безбедносна проверка

Оцени и рецензии

5,34 мил. рецензии
Marjan Trajkovski
20 септември 2026 г.
Odlična aplikacija
Дали сметате дека ова е корисно?
Jakov Lazarevski
3 септември 2026 г.
mnogu loso
Дали сметате дека ова е корисно?
ANTONIO
15 април 2026 г.
super
1 лице смета дека рецензијава е корисна
Дали сметате дека ова е корисно?

Што има ново

Нов поедноставен дизајн и картичка за време поминато на уредот.
Оцена на содржината
Сите
Корисничка интеракција, Споделува локација и Дигитални купувања
Дознајте повеќе

Поддршка за апликацијата

Информации за програмерот
Google LLC
support@google.com
1600 Amphitheatre Pkwy Mountain View, CA 94043 United States
+1 650-253-0000

Повеќе од Google LLC

Слични апликации